Рама: Беше брилијантно како реагираа Вучиќ и Заев

Албанскиот премиер им се заблагодари на, ккао што рече, браќата од Косово и на лидерите во регионот за помошта на Албанија по земјотресот кој зеде педесет жртви.

1249

Албанскиот премиер Еди Рама синоќа им се  заблагодари на лидерите во регионот за помошта на Албанија во санирањето на последиците од силните земјотреси што ја погодија земјата.

На средба со странските амбасадори акредитирани во Албанија, Рама им се заблагодари на нивните земји за помошта за Албанија по земјотресот што ја погоди земјата на 26 ноември, јави Танјуг.

– Не можам да најдам зборови за да искажам колку ни значеше таа поддршка … Беше брилијантно како реагираа Вучиќ и Заев … да не ги спомнувам нашите браќа од Косово. Брилијантно, нагласи Рама.

Албанскиот премиер исто така се заблагодари и за пораките за поддршка од Унгарија и Романија, потсетувајќи дека романскиот тим за спасување дошол во Албанија самоиницијативно.

– Прекрасно е да се видат луѓе од цела Европа, кои никогаш не стапнале во Албанија, кои немаат никакво познавање од албанскиот јазик, како ни искуство во ризикување на сопствените животи за непознати луѓе, рече албанскиот премиер.

Рама, исто така, им се заблагодари на САД, другите европски земји, папата Франциск и Саудиска Арабија за нивната поддршка, истакнувајќи дека се извинува ако заборавил да спомне некого.

Операциите за пребарување и спасување за преживеани од земјотресот официјално заврши, затоа што се верува дека под урнатините нема повеќе тела.

Рама претходно соопшти дека 50 луѓе загинале во земјотресите, од кои најсилниот беше 6,4 степени според Рихтер.

Тој рече дека се повредени околу 2.000 луѓе.

Албанскиот премиер информира дека според првичните проценки, околу 900 згради во Драч и повеќе од 1.465 во Тирана се сериозно оштетени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...