Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот профил на Фејсбук сподели дека со сопругата Бети имале средба со познатиот италијански музичар Ерос Рамацоти, пред неговиот вечерашен концерт во Вип арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
„Со речиси 20 албуми зад себе и 30 годишна кариера, Eros Ramazzotti остава траен белег на светската музичка сцена. На нашата средба, непосредно пред вечерашниот концерт, промуабетивме за првиот контакт со музиката преку неговата гитара на 7-годишна возраст, па се до интернационалниот успех во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Зборувавме и за неговата втора страст – здрава животна средина“, напиша Пендаровски.