Безжичните слушалки Ерподс на Епл, како и другите безжични додатоци на паметните уреди, може да предизвикаат рак, сметаат стручните лица од Универзитетот Беркли.
Според д-р Џоел Московиц, тие технолошки уреди „комуницираат меѓу себе користејќи поле за магнетна индукција, па тоа може да има „катастрофални последици“ за здравјето на корисниците.
Тој истакна дека, во таа смисла, опасноста од рак на мозокот е најголема.
Поттикнати од сето тоа, 250 доктори и научници досега потпишаа петиција која го содржи образложението дека радиацијата од безжичната технологија може да биде ризична, која ќе биде испратена до СЗО и ОН.