Ракометно ЕП: Дресовите на Швајцарците со имиња на 1.000 навивачи

244

Швајцарија не успеа во главната групна фаза на Европското ракометно првенство, но мал детал го привлече вниманието на јавноста за што простор отстапи и Европската ракометна федерација (ЕХФ). На бројките на дресовите со кои настапија нејзините репрезентативци во групата Ф во Гетеборг се испишани имиња на 1.000 навивачи како резултат на успешната кампања во пресрет на турнирот насловена како „Teamwork“.

Кампањата почна во октомври кога швајцарската репрезентација упати повик до сите навивачи да се регистрираат на нејзината интернет страница и на тој начин да влезат во игра за место на националниот дрес.

На апелот одговорија над 1.000 фанови чии имиња беа испишани во бројките на позадина од дресовите. Целта на кампањата беше да се покаже дека репрезентацијата е повеќе од неколку лица на едно место, а како аспекти беа издвоени амбиција за победа, желба за најдобар можен ефект, борба до крај, одговорност и заедништво.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...