Ракометна драма во Битола: Еурофарм слави победа над Савехоф

128

Во ракометна драма од осмото коло на Лигата на шампионите битолски Еурофарм Работник го совлада Савехоф со 32:31 (18:12). Во две различни полувремиња, домаќините овој пат и со спортска среќа успеаја заслужено да победат.

Стрелецот на победничкиот гол, постигнат на три секунди пред крајот на средбата, Мирко Радовиќ изјави дека по серијата несреќни порази од еден гол разлика, овој пат среќата беше на страната на Еурофарм Работник.

– Одигравме тежок и неизвесен натпревар. Среќен сум што победивме и оваа победа ја подаруваме на нашиот соиграч, повредениот Невен Стјепановиќ кој сакаме што побрзо да се врати во тимот – рече Радовиќ и се заблагодари на поддршката од верната публика.

Освен Радовиќ кој постигна шест голови, кај домаќините се истакнаа и Јотиќ со седум постигнати гола, како и голманите Митревски и Чаневски со одбрани во важни моменти од натпреварот. Кај шведскиот шампион најефикасен беше Вилијам Богојевиќ кој постигна осум голови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...