Ракометната федерација на Македонија ја извести спортската јавност дека во координација со директорот на машките репрезентации, Милчо Чакарески, заеднички е донесена одлука за прекин на досегашниот ангажман.
Чакарески ја извршуваше функцијата спортски директор во период од март 2016 до септември 2019, а поради персонални професионални ангажмани се повлекува од функцијата во стручниот штаб на машките ракометни репрезентации.
Во периодот кој следува УО на РФМ ќе постави нов вршител на функцијата. Чакарески директоруваше уште од времето кога Ивица Обрван беше селектор, соработуваше и со Лино Червар и Раул Гонзалес, но се повлекува во ерата на Данило Брестовац.