Раководителот на хидросистемот Ѓавато, Јован Попов, е неподвижен веќе втор месец. Настрадал во тешка сообраќајна несреќа и сега е врзан за кревет. Но, наместо дома или во соодветна установа, тој се лекува во службените простории, објави Канал Вис.
Тој донел болнички кревет, лекови и опрема и за него се грижат вработените, кои го негуваат, му менуваат катетер, му даваат лекови.
Попов вели дека мора да биде во канцеларијата бидејќи е потребен на работното место и тврди дека имал дозвола од Министерството за животна средина да престојува тука. Од Министерството за ТВ Вис изјавиле дека до нив не стигнале информациите дека раководителот Попов живее и се лекува во канцеларијата.