Македонија лани беше цел на хибрдини закани во неколку клучни моменти, особено при промената на власта и соседските односи, стои во Годишниот извештај на Агенцијата за разузнавање (АР).
Извештајот кој во март 2018 беше презентиран пред собраниската Комисија за надзор над УБК, сега е достапен и на веб страницата на АР.
„Разузнавачките приоритети беа насочени кон детектирање и откривање деструктитвно влијание на надворешни сили кои преку медиумско-политички инсталации во РМ и регионот, се обидуваа да влијаат врз перцепцијата на граѓаните со проектирање антизападен (против НАТО/ЕУ) наратив“, наведува Агенцијата.
Во фокусот на разузнавањето минатата година биле илегалната миграција, верскиот радикализам, меѓународниот тероризам, транснационалниот организиран криминал, како и економските и безбедносните интереси.
АР во почетниот дел пишува дека првпат од своето основање јавно презентира годишен извештај за своето работење, а причината за ваквиот потег, додава, е зголемување на транспарентноста и отчетноста.
Податоците кои се наведени во документот се декласифицирани, со што се запазени одредбите на Законот за класифицирани информации.