Јово Вангеловски денеска на седница на Судскиот совет е разрешен од претседател на Врховниот суд поради несовесно вршење на функцијата.
Вангеловски е разрешен и од претседател и од функцијата судија. Тој има право на жалба.
Покрај него, разрешена е и судијката од Врховниот суд Рахилка Стојковска, како и уште еден судија. Предлогот за разрешување на врховните судии беше поради незаконската постапка околу овозможувањето на Сеад Кочан да се брани од слобода.