Директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски е разрешен на денешната владина седница.
Негово разрешување бараше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откако изби скандал со злоупотребата на службеното возило.
Имено, за време на празнувањето на Илинден, службениот џип со кој го користи директорот на БЈБ, беше снимен како на пат и на паркиран во одморалиште во Грција. Во џипот намесо Велковски се возела неговата ќерка. Тој се правдаше дека бил под закани, но МВР установи повреда на службената положба.