Почна чистката во СДСМ – на вечерашната седница на Централниот oдбор на партијата оставки поднеле сите потпретседатели: Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски, Петре Шилегов, како и партиските секретари. Вечерва ова го потврди и лидерот Зоран Заев, кој објасни дека тоа било договорено на претходните координации.
За министерски смени вечерва не се разговарало и најавената реконструкција на владата ќе биде тема на нов состанок, откако претходно ќе се расправа на Извршниот одбор на СДСМ, пред сѐ, затоа што во игра е и замена на ресори меѓу коалициските партнери во владата.
Разрешени се Александар Кирацовски, Цветанка Ласкова, Миле Зечевиќ. На местото на Кирацовски е назначен Љупчо Николовски, кој веќе нема да биде министер за земјоделие.
Вечерва не се предложени нови потпретседатели. Заев ќе ги предложи во јуни, како што сега се најавува.