Разнесен автомобил полн со експлозив пред министерство во Кабул

40

Автомобил полн со експлозив разнесен е денеска пред авганистанското Министерство за јавни работи, по што следела престрелка, соопшти авганистанската полиција.

Засега нема податоци за евентуални жртви во нападот.

Портпаролот Насрат Рахими истакна дека неколку вооружени лица по експлозијата заземале позиции во близина на зградата и дошло до престрелка меѓу нив и авганистанските безбедносни сили.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...