Пазете се од лица кои пијат црно кафе без шеќер

11130

Луѓето што претпочитаат горко црно кафе, без шеќер, млеко и други додатоци, постои веројатност да се психопати, посочува ново истражување на Универзитет на Инсбрук во Австрија.

Испитаниците требало да подредат шест намирници во своја ранг-листа, а потоа да минат низ тест за карактерните особини. Така, авторите на експериментот, Кристина Сагиоглу и Тобајас Гритмејер дошле до првичен заклучок дека колку повеќе еден човек ужива во црно кафе, дотолку и самиот е помрачен.

– Испитувањето покажа дека лицата кои претпочитаат горчлив вкус, имаат поизразени злонамерни особини… Садистите горчливоста ја доживуваат како нешто позитивно, поради нивната способност да предизвикаат лошо искуство кај други луѓе, стои во написот.

Така, ако имате некој близок што кафето го пие црно и без зрно шеќер, бидете внимателни, велат стручните лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...