Американскиот претседател Доналд Трмп често го споредуваат со претходните претседатели, кога станува збор за односот према жените. Ни две години по победата на изборите не беа доволни Трамп да научи да ги почитува жените, особено сопругата Меланија.
Откако стана претседател на САД, јавноста го следи секој негов чекор и го коментира секој негов збор или постапка. Повеќепати беше во центарот на вниманието поради својот однос со Меланија, постојат бројни снимки на кои се гледа како таа одбива да го држи за рака иако го следи на речиси секое патување.
Уште еден доказ дека Трамп не се грижи многу за својата сопруга се и фотографиите на кои се гледа како тој оди пред неа, што неговите претходници никогаш не го правеле.
За разлика од Трамп кој ја остави Меланија зад себе, Џон Кенеди, Роналд Реган, Бил Клинтон, Џорџ Буш и Барак Обама им давале предност на своите поубави половини да одат пред нив или цврсто ги држеле за рака и заедно излегувале од авион./српски Телеграф.