Разбојници ограбиле кривопаланчанец и раниле случаен минувач во Скопје

Повредената со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза" каде што и била констатирана прострелна рана во пределот на десната надколеница.

634

Прострелна рана на десната потколица добила 53-годишна скопјанка вчера  на улица Руди Чаевац во Скопје, откако ја погодил куршум испукан од разбојници кои ограбиле кривопаланчанец.

Полицијата соопшти дека двајцата разбојници со моторцикл и вооружени со пиштол го пречекале М.С.(49) од Крива Паланка, кога тој излегувал од зграда и со закана му одзеле 10.000 евра. Додека бегале од местото еден од разбојниците истрелал еден куршум и ја повредил П.О.Д.(53) од Скопје која случајно минувала по улицата.

Повредената со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде што и била констатирана прострелна рана во пределот на десната надколеница.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...