
Момче на 20-годишна возраст од Скопје пријавило во поиција дека во неговиот стан во Скопје влегле три лица со фантомки.
До моментот на пријавата лицата насилно го држеле во станот, a при излегување од станот едно од лицата со остар предмет му нанелo убодна рана.
Оштетениот во пријавата посочил дека одземен му бил лап топ, мобилниот телефон и пари, по што лицата го напуштиле местото на настанот, а оштетениот бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.