Разбојници влегле во домот на 77-годишен маж, го претепале и му украле 700 денари и облека

837

Седумдесет и седумгодишен прилепчанец вчера физички бил нападнат од три лица во својот дом. Напаѓачите му одзеле 700 денари и облека.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14 часот било пријавено дека во Прилеп, на улицата „Белградска“ во домот на И.Т. (77), дошле три лица и физички го нападнале, а потоа му одзеле 700 денари и облека

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...