Радио Слободна Европа се враќа во Унгарија

Радио Слободна Европа оваа година повторно е пуштено во Бугарија и во Романија, каде што престана да емитува програма во 2004 и во 2008 година. 

304

Во Прага, каде што се наоѓа седиштето на Радио Слободна Европа, е објавена веста дека ќе се обнови емитувањето во Унгарија, коешто е укинато во 1993 година, кога било оценето дека ја исполнило својата улога со крајот на студената војна. Чекорот што американскиот конгрес би требало да го одобри е во рамките на разгледувањето на американската глобална медиумска стратегија.

Како што се наведува, продолжувањето на емитувањето на унгарски јазик би го потврдило обновувањето во Унгарија на принципите на слободното и отворено управување. Тоа исто така би било удар врз американскиот претседател Трамп, кој одржува пријателски односи со авторитарниот унгарски лидер Виктор Орбан. Одобрението од Конгресот би можело да пристигне до крајот на овој месец.

Трамп го смета Орбан за сојузник, се наведува во веста од САД. Се запознаа овој мај, кога унгарскиот премиер беше поканет во Белата куќа. Во писмото се наведува дека американскиот амбасадор во Будимпешта Дејвид Цорнстеин, поранешен јувелир и пријател на Трамп, се противи на повторно покренување од страна на унгарските уредници. Бара уверувања дека ова радио-станица нема да се фокусира на негативни информации за унгарската влада и нема да се занимава со истражна работа.

Американскиот закон, инаку, им забранува на владините политичари да се мешаат во уредувачката работа на Радио Слободна Европа, што исто така се однесува и на Цорнстеин.

Радио Слободна Европа оваа година повторно е пуштено во Бугарија и во Романија, каде што престана да емитува програма во 2004 и во 2008 година. Унгарија, за разлика од Бугарија и Романија, останува единствена земја која, според оценката на американската организација Фридом хаус, е само „делумно слободна”.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...