Радио Слободна Европа казнето со 1.600 долари во Москва

132

Московски суд одреди парична казна од 1.600 долари за Радиото Слободна Европа, бидејќи таа медиумската куќа не доставила документи утврдени со закон за странски агенти. 

Радиото Слободна Европа, финансирано од САД, и „Гласот на Америка“ минатата година во Русија „беа обележани“ како странски агенти во рамките на новиот закон, односно како медиуми кои добиваат средства од други држави.

Првиот човек на Радио Слободна Европа, Томас Кент, изјави дека во неколку наврати не им било дозволено да присуствуваат на седниците на парламентот, бидејќи биле „обележани“ како странски агенти, но, исто така, и дека поединци одбиле да им дадат интервјуа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...