Радев присуствуваше на чествување на Денот на бугарската армија во Ново село

Претседателот на Бугарија Радев денеска во Ново Село беше пречекан од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со кого потоа замина за Дојран, каде попладнево се одржува работна средба меѓу двајцата државници. 

210

Со високи воени почести, интонирање на химните на Македонија и Бугарија, положување венци и свежо цвеќе пред споменикот на загинатите војници закопани на бугарските гробишта во Ново Село, Струмичко, беше одбележан „Денот на храброста и Денот на Бугарската армија“, кои се слават на празникот Ѓурѓовден.

На чествувањето присуствуваа бугарскиот претседател, Румен Радев, европратеникот Андреј Ковачев, претставници на Националната гарда на Бугарија, воени аташеа, амбасадори, поглаварот на МПЦ-ОА Архиепископот Охридски и Македонски, господин господин Стефан владиците Наум и Климент, претставници на локалната власт и граѓани од двете земји.

Претседателот на Бугарија Радев положи венец пред споменикот во гробиштата.

– Добрите традиции на современа Европа налагаат државите кои дури и војувале една против друга заедно да ги почитуваат своите мртви, притоа испраќајќи порака за помирување и единство. Радосно е тоа што овој цивилизациски дух зазема се повеќе место и на Балканот. Пред многу десетлетија бевме сведоци како споменици, гробови на бугарски офицери и војници надвор од Бугарија беа урнувани у срамнувани со земјата. Денес времињата се други. Активностите за зближување и взаемните активности меѓу нашите држави се повеќе се зголемуваат од двете страни на границата и тоа е најсилниот сигнал дека одиме по правилната насока – рече Радев во обраќањето.

Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во сослужение на владиците Наум и Климент одржа Света упокоена литургија за загинатите војници закопани на овие гробишта.

– Дојдовме од различни страни, но за ист повод за да се помолиме за душите на овде погребаните и за да искажеме почит пред нивните жртви. А кога е во прашање мирот и слободата секогаш вистинскиот мир и вистинската слобода најпрвин ги разбирам преку мирот и слободата донесени и дарувани преку Христа Спасителот. Само мирот одозгора и слободата родена од вистината, која единствено вистински ослободува треба да се стремеж за секој слободољубив човек и секој народ – рече во обраќањето поглаварот на на МПЦ-ОА, г.г. Стефан.

Европратеникот Андреј Ковачев во обраќањето пред присутните го критикуваше претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов и свештениците на БПЦ, бидејќи не дошле на одбележувањето на Денот на Армијата на Бугарија во Ново Село.

Како што рече тој, не можел да ја скрие тагата што македонскиот претседател имал страв од заедничко чествување на општата историја.

– Многу е тажно што тој не собра сили да дојде денес тука. Истата тага е и за претставниците на Бугарската православна црква, кои не се тука заедно со нас. Нема како да го скриеме тоа – рече европратеникот Андреј Ковачев.

Денешното чествување на празникот на бугарската армија на бугарските воени гробишта во Ново Село е во организација на Фондацијата „Бугарска памет“.

Бугарските воени гробишта во Ново Село се обновени пред 12 години и во нив се закопани посмртни останки на 71 војници кои се бореле на страната на бугарската армија во различни војни.

Претседателотна Бугарија Румен Радев денеска во Ново Село беше пречекан од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој потоа замина за Стар Дојран, каде попладнево се одржа работна средба меѓу двајцата претседатели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...