Работодавачите да ги пријават настраданите во несреќата кај Ласкарци во инспекторатот за труд

193
Photo: EPA / Frosina Novakovic

Македонското здружение за заштита при работа вели дека според Законот за безбедност и здравје на работа, сите патници што настрадаа во автобуската несреќа кај селото Ласкарци, а кои биле во работен однос и патувале кон својот дом, при што се повредиле или загинале во сообраќајната несреќа, потребно е од страна на работодавачите да бидат пријавени во Државниот инспекторат за труд како несреќи на работното место.

Здружението предупредува дека непостапувањето на овој начин е прекршување на Законот и е предмет на прекршочна постапка.

Со пријавата од страна на работодавачите, на повредените вработени ќе им следуваат следните законски можности:

– Да имаат можност полн износ (100%) од платата да им биде исплатен за време на периодот на заздравување (имајте предвид дека при боледување, а кое не е поврзано со несреќа на работното место, можно е исплатената плата да биде помала и до 70%);

– Отсуството од работното место да биде заведено како „повреда на работа”, а со тоа, во понатамошниот работен век, доколку се појават одредени компликации, истите да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција;

– По враќањето на работното место, вработените е неопходно веднаш да бидат упатени на насочени медицински прегледи, а со тоа да биде утврдена нивната преостаната работна способност. Ова е исклучително важно за секој од нив индивидуално доколку се јават одредени ограничувања во можностите за нивно целосно исполнување на работните задачи, а со првенствена цел да се заштити здравјето и интегритетот на работникот! – додаваат од здружението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...