Работни места има, ама нема кој да ги пополни

Иако во државава има рекордна ниска невработеност од 19,4 отсто или 105.000 лица,проблем е нивната структура. Од нив  42 отсто се постари од 50 години, 50 отсто се без или со основно обарзование, а 26,5 отсто со средно образование, но не од бараните техничките училишта.

963

Компаниите бараат приближно 40 илјади работници годишно, но прашање е како да ги обезбедат кога во земјава невработените 105 илјади колку што се регистриани во Агенцијата за вработување имаат квалификации кои не соодветствуваат на нивните потреби или се на возраст од над 50 години. Се бараат главно инженери од машинска и градежна струка, чевлари, заварувачи, водоводџии, машинисти… но на списокот во Агенцијата има сосема друга понуда. Државата треба да изгради мерки со кои на овие луѓе ќе им овозможи да стекнат знаења кои ќе им овозможат вработување, но и да сосдаде образовен исстем кој ќе создава кадар кој нема да чека за вработување.

Ова, меѓу другото, беше речено на денешниот форум на тема „Предизвиците на компаниите за изнаоѓање на квалитетна работна сила во модерното време“.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој беше панелист на форумот, рече дека веќе не е проблем отворањето работни места бидејќи државата ги поддржува компаниите да ги создаваат, туку како тие да се пополнат, а невработените да се оспособат и преквалификуваат за најбараните и најдефицирани и добро платени работни позиции.

Тој презентира податоци од анкета во која биле вклучени 3.140 компании, во која тие биле прашани колку работни места би отвориле во период од шест месеци до една година.

-Вкупно 1.883 од компаниите се изјаснија дека во период од шест месеци до една година ќе отворат 18.643 работни места што значи дека моментната потреба на работни места е над 35 илјади до 40 илајди – рече тој.

Според него, иако во државава има рекордна ниска невработеност од 19,4 отсто проблем за намалување на бројката од 105 илајди невработени лица е структурата.

– Од нив 42 отсто се постари од 50 години, 50 отсто се без или со основно обарзование, а 26,5 отсто со средно образование, но не од бараните техничките училишта. Наша цел е како од да се преквалификуваат, односно како тие со основно образование да ги направиме тоа што може – готвач, пекар, заварувач, бравар столар, и како на техничките универзитети да го зголемиме потренцијалот за да го задоволиме барањето за машински, градежен инжинер, програмер – рече Анѓушев.

Анѓушев смета дека треба да се изгради систем во кој младите нема да се форсираат да се запишуваат на факултетите, туку да стекнуваат знаења и вештини кои ќе им овозможат да заработуваат.

– Да престанеме да се залажуваме дека 95 проценти од завршените средношколци е здраво за општеството, но и за нив самите да одат на универзитет. Не е сета среќа да се биде образован и потоа да се биде разочаран оти нема да работиш, туку среќата е во тоа да се има знаење и струка и со неа добро да се живее и заработува од својата 18 или 19 година – рече Анѓушев.

Универзитетскиот професор Гадаф Реџепи, смета дека земјава има проблем во образовниот систем, особено во високо образование. Во прилог на тоа наведе дека во 2005 година имало 41 факултет, додека во 2018 година тие прераснале во 136.

– Бројот на студенти во 2005 година изнесувал 48 илјади, а денес е 56илјади, што значи дека за 8.000 новозапишани студенти сме отвориле 95 нови факултети. Буџетот во образованието за десет години се зголемил за 120 отсто и овде станува збор за лошо менаџирање – рече Реџепи.

Претседателот на Стопанската комора на северо-западна Македонија Неби Хоџа рече дека долгоодишен проблем за компаниите е обезбедувањето соодветен кадар кој е основа за долговечност на компаниите и ги повика бизнисмените да дадат предлози како на полесен начин да се реши прашањето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...