Работник паднал од објект и починал, вчера околу 08.30 часот на улица Лондонска во Скопје, соопшти МВР.
Случајот бил пријавен во полиција од Итната медицинска помош. Од објект во изградба, вработениот Ш.Б.(52) од Скопје кој работел во фирма-изведувач на работи, паднал и починал на самото место.
По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.