Работник паднал од зграда

153

Во гостиварската полиција вчера било пријавено дека на улица „Браќа Блажевски“ во Гостивар А.Ш.(45) од село Градец, Гостиварско, изведувајки градежни работи во зграда, паднал од висина од околу 3,5 метри.

По укажаната лекарска помош во Ургентниот центар во Гостивар, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...