Работник од Гостивар се повредил додека наводнувал зеленило

Полицијата соопшти дека Џ.З.(53) се здобил со повредите додека го отворал хидрантот за да го наводнува зеленилото, но се сопнал на синџирот од оградата, паднал и се повредил.

68

Работник во  Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ од Гостивар, вчера се повредил за време на наводнување на зеленилото на улица Гоце Делчев.

Тој е пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ каде што му се констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата соопшти дека Џ.З.(53) се здобил со повредите додека го отворал хидрантот за да го наводнува зеленилото, но се сопнал на синџирот од оградата, паднал и се повредил.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...