Утрово околу 09.30 часот во полициската станица Струга било пријавено дека во населба Елен Камен во Струга, при изведување градежни работи, со повреди се здобил Џ.А.(49) од Струга и како последица на тоа починал.
Според МВР; додека работел, Џ.А. бил удрен од црево кое се откачило од пумпа за бетонирање.