Многупати досега се пишувало за тоа кои работи не смеете да ги задржувате во домот, односно кои мора да ги фрлите за да привлечете благосостојба.
Меѓутоа, постојат и оние предмети што зрачат со добра енергија и кои секогаш мора да ги чувате во вашиот дом за да имате среќа.
Ова се топ 6 работи што никогаш не смеете да ги исфрлите од домот…
1. Леб
Лебот во многу култури па и кај нас, се смета за света храна. Ја симболизира среќата и благосостојбата па забрането е да го фрлате. Подобро е да го исушите и да им ги дадете трошките на птиците отколку да фрлите парчиња леб.
2. Сол
Солта се третира исто како лебот. Покрај тоа, не се советува да ја позајмувате никому, бидејќи така благосостојбата го напушта домот.
3. Отсечени нокти или коса
Косата и ноктите, според црната магија се најповолни за правење лоша карма. Па затоа, обвиткајте ги во марамче и фрлете ги во корпа за отпадоци. Не смеете да ги расфрлате околу домот.
4. Фотографии
Можете да ги уништите само оние фотографии кои ги прикажуваат вашите непријатели и под услов да не сте вие со нив на фотографиите, во спротивно ризикувате да привлечете болести и други проблеми.
5. Часовник
Часовникот е енергетски поврзан со сопственикот и можете сериозно да ѝ наштетите на личности чиј часовник ќе го уништите. Може да ги фрлите само оние часовници што не може да се поправат.
6. Паричник
Паричникот е финансиски талисман па дури и ако е безвреден, немојте да го фрлате. Кога ќе купите нов паричник, чувајте го неколку дена во домот, а потоа во него префрлајте постепено малку пари, полека прекинувајќи ја врската со стариот паричник.
Стариот паричник чувајте го во домот колку што можете подолго.