Деновиве е направено истражување кое открива што луѓето не сакаат да добијат како новогодишен подарок.
Испитаниците составиле листа од подароци што не би сакале да ги добијат за Нова година:
– Сувенири, симболи (57 отсто)
– Кадифени играчки (52 отсто)
– Вага (49 отсто)
– Сапун (48 отсто)
– Календар (48 отсто)
– Машина за бричење/депилатор (48 отсто)
– Простирка за масажа (45 отсто)
– Биткоин (42 отсто)
– Комплет козметика (40 отсто)
– Крпа (38 отсто), се наведува во истражувањето.
70 отсто од испитаниците рекле дека подарокот што сакаат да го добијат мора да биде корисен.
Сепак, 11 отсто од луѓето сметаат дека подарокот мора да ги изненади саканите, додека 9 отсто велат дека е важно вниманието.
Дури 71 отсто од луѓето велат дека им се даваат незначителни подароци за Нова Година, а 9 отсто велат дека најмногу го пренесуваат тој подарок на другите.
Повеќе од 52.000 луѓе учествувале во истражувањето.