Велешанецот Гордан Штерјовски ја освои фантастичната добивка Милионер џек пот, вредна 1.617.237 денари. Среќната добивка е освоена на 10 октомври во „Спорт лајф трејд“ во Велес. Гордан пред неколку дена се вратил во татковината, па ова е дополнително убава причина за славење во неговото семејство.
Во просториите на Државната видеолотарија раскажа дека работи на брод, па затоа и многу се израдувал кога заедно со можноста да се забавува на видеолотариските терминали, му се случило среќното и добитно изненадување.
Со семејството веќе прави план како ќе ги потроши парите. Размислува да се поднови со нов стан или со нов автомобил.
Во првата половина од месец октомври 2019, на видеолотариските терминали постигнати се шест Штерјовски, во вкупен износ од 9.233.594 денари.
Државната Видеолотарија ги стартуваше џек пот добивките на први јуни 2016. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа.
Досега под мотото „Играј за забава“, освоени се 274 Милионер џек пот добивки во вкупен износ од 407.450.641 денари. Покрај нив, освоени се и 50.548 Мини џек пот добивки во вкупен износ од 272.029.262 денари. Мини џек пот добивките се во вредност од 4.000 до 5.000 денари, додека најпосакуваната Милионер џек пот добивка е вредна од 1.200.000 до 1.800.000 денари.