Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР не му дала бланко поддршка на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за заеднички кандидат за претседател на државата.
Од ПЦЕР велат дека на вчерашната лидерска средба со Коалицијата изјавиле дека партијата сѐ уште не донела одлука дали ќе поддржи некој член на коаицијата, затоа што предлогот на членството е да се кандидира преседателот на ПЦЕР Самка Ибраимоски за кандидат за претседател на државата, соопшти ПЦЕР.
Аргументо на партијата дека Ибраимоски треба да е кандидат за претседател е неговата богата биографуја или како што велат таква биографија нема ниту еден од кандидатите за претседател на државата.
Од ПЦЕР наведуваат дека Ибраимоски е човек со богато политичко искуство, магистер, дипломиран менаџер, дипломирал во Нови Сад во времето на Југославија. Бил заменик министер во Труд и Социјала, пратеник, директор на Центарот за азил во Визбегово, министер без ресор, делегат во советот на Европа во Ромскиот форум, ревизор во советот на Европа во Ромскиот Форум. Самка бил и секретар на Ромски пратеници во Европа, преседател на инвалидните организации на Македонија, преседател на Фудбалски клуб Љуботен, и има завршена политичка школа во Кумровец, „Несврстаност у савременом свету“, член на КАХРОМ во Советот на Европа и директор на приватна фирма „Униус -ИС“.
Како ПЦЕР ќе настапи на претседателските избори конечна одлука ќе донесе Извршниот одбор на партијата деновиве.