Вечерва од 21,55 часот е нормализиран сообраќајот пред клучката кај Калковска Река на регионалниот пат село Удово – Валандово и обратно.
Сообраќајот на овој патен правец беше во целосен прекин од 16.30 часот попладнето поради расчистување на водата и наносите од земја на коловозот од страна на екипите на ЈП „Македонијапат“.
Сообраќајот се пренасочуваше преку Валандово – Брајковци – Балинци – Марвинци и обратно.