Пуштен во употреба гасоводот „Силата на Сибир“ долг 4.000 километри

„Силата на Сибир“ е проект на рускиот „Гаспром“ и кинеската Национална нафтена компанија, а низ гасоводот од 4.000 километри ќе може да се пренесат до 61 милијарди кубни метри природен гас годишно, вклучувајќи 38 милијарди за извоз во Кина.

205

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг официјално го пуштија во употреба еден од најдолгите гасоводи во светот, „Силата на Сибир“, преку кој природен гас од Русија ќе биде доставен до Кина.

– Отворањето на гасоводот „Силата на Сибир“ ја подига руско-кинеската енергетска соработка на ново ниво  – рече Путин.

– Овој чекор ја подигнува руско-кинеската стратешка енергетска соработка на квалитативно ново ниво и не приближува до задачата што ја поставивме со кинескиот претседател Си Џинпинг да постигнеме билатерална трговија до 200 милијарди американски долари до 2024 година – рече Путин на церемонијата на отворање.

Кинескиот претседател истакна дека првото нешто што треба да се стори е да се обезбеди сигурност на гасоводот, а потоа грижа за животната средина.

– Важно е да се посвети посебно внимание на заштитата на животната средина, да се води сметка за експлоатација на ресурсите во интерес на зелениот, еколошки, енергетски ефикасен и ниско-карбонатен развој – рече Џинпинг.

„Силата на Сибир“ е проект на рускиот „Гаспром“ и кинеската Национална нафтена компанија, а низ гасоводот од 4.000 километри ќе може да се пренесат до 61 милијарди кубни метри природен гас годишно, вклучувајќи 38 милијарди за извоз во Кина.

Договорот е склучен на 30 години, со вкупна вредност од околу 400 милијарди американски долари. Изградбата на гасоводот траеше повеќе од пет години.

Фото: EPA/NOEL CELIS/POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...