Пуштени во сообраќај три нови електролокомотиви

177

Железници на РСМ Транспорт пушти во сообраќај три нови електролокомотиви во вредност од 6.414.000 евра, набавени од кинески ЦРРЦ. Со испораката целосно се реализира Договорот за  набавка на четири електролокомотиви од кинеската компанија, во вкупна вредност од  8.678.600 евра.

Од Железници Транспорт велат дека со пристигнувањето на новите електро локомотиви, се заокружува Проектот за ревитализација на возниот парк и оти тоа претставува големо задоволство за нив имајќи предвид дека последните локомотиви кои се купени датираат пред 45 години, во далечната 1975 година.

– Освен што ќе го зајакнат транспортниот капацитет на железницата и значително ќе ги намалат трошоците за одржување ќе дадат голем придонес и кон домашната економија и зачувување на животната средина – изјави директорот на Железници на РСМ Транспорт Орхан Муртезани.

Како што потенцираат од Железници на РСМ, електро локомотивите се изработени согласно со најстрогите европски директиви, критериуми и стандарди и ќе овозможат поквалитетен, побрз и побезбеден железнички превоз на пругите на територијата на нашата држава.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...