Пуштени во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Цената на кованата пара „Деловен успех и среќа“ е 3.000 денари, на кованата пара „Вештачка интелигенција“ е 3.200 денари, а на кованата пара „Среќен роденден“ е 4.000.

549

Народната банка издаде и пушти во оптек три серии на кованите пари за колекционерски цели „Деловен успех и среќа“, „Вештачка интелигенција“ и „Среќен роденден“.

Цената на кованата пара „Деловен успех и среќа“ е 3.000 денари, на кованата пара „Вештачка интелигенција“ е 3.200 денари, а на кованата пара „Среќен роденден“ е 4.000.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во земјава.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка во делот Ковани пари за колекционерски цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...