Пуч во Венецуела ВИДЕО

1063

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план да го смени претседателот Николас Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го подржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро“.

Гуаидо на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи и опозицискиот политичар Леополд Лопез, кој е во куќен притвор.

Гуаидо изјави дека бил во воздушната Каракас ла Карлота.

– Националните вооружени сили донесоа исправна одлука, и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ – рече тој.

Самопрогласениот претседател на Венецуела Гуаидо повика на воено востание против Мадуро.

На улиците се собираат граѓани кои се противници на Мадуро. На неколку места е фрлен солзавец. Како што јавува АП, во источниот, побогат дел на Каракас фрлен е солазвец за да ги растера противниците на Мадуро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...