Путин: Kатастрофа ќе биде aко САД употребат сила против Иран

379
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги предупреди САД да не употребуваат сила против Иран, затоа што „тоа би имало катастрофални последици“.

– Американски воени акции против Иран, во најмала рака, би биле катастрофа за регионот, рече Путин и додаде дека тоа би предизвикало ескалација на непријателствата со непредвидливи резултати.

Путин истакна дека Иран ги почитува условите од нуклеарниот договор и покрај повлекувањето на САД, и смета дека санкциите на САД против Иран се неосновани.

Путин ова го рече на традиционалната годишна емисија во живо „Директна линија“,кој траеше 4 часа и 17 минути и во која одговараше на прашања на граѓани на Русија но и од целиот свет за актуелни теми од земјата и светот.

Сигналот на емисијата неколку пати беше прекинуван поради кибер напади.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...