Сите земји потписнички на нуклеарниот договор со Иран треба да се придржуваат кон него, изјави рускиот претседател Владимир Путин на економскиот форум во таџикистанскиот главен град Душанбе.
– Сите се загрижени поради ситуацијата во врска со нуклеарниот договор со Иран. Веруваме дека единствен начин е потписниците да продолжат да се придржуваат кон своите обврски – истакна Путин.
Тој порача дека повлекувањето на САД од договорот значи дека сега е многу потешко тој да се спроведува.
Покрај Русија и САД, потписнички на договорот се и Кина, Франција, Велика Британија и Германија.