Путин телефонски разговарал со селекторот пред и по дуелот со Шпанија

385

Претседателот на Русија, Владимир Путин на рускиот национален тим ја честиташе победата над Шпанија во натпреварот од осминафиналето Светското првенство (1:1, 4:3 на пенали).

Шефот на државата го следеше натпреварот и два пати го повика главниот тренер Станислав Черчесов.

– Пред почетокот на натпреварот, претседател се јави на тренерот, и му посака успех во претстојниот натпревар, а исто така, истакна дека под раководство на Черчесов нашите момци направија невозможно – ја поминаа групата. Тоа им дава можност да играат слободно во полна сила, покажувајќи ги сите нивни таленти – го цитира Интерфакс Дмитиј Песков, портпарол на претседателот.

Веднаш по завршувањето на натпреварот, Путин повторно го побарал селекторот и му честитал нему и на целиот тим за импресивната победа, потенцирајќи дека неговата тактика даде резултат.

Русија во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот Хрватска – Данска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...