Рускиот претседател Владимир Путин издал инструкции за анализа на нивото на закана по американското тестирање на новата модификација на крстосувачка ракета и за мерките кои треба да се преземат за подготовка на симетричен одговор, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.
Путин овие инструкции ги дал на состанокот на постојаните членови на рускиот Совет за безбедност, на кој се дискутирало за овој проблем.
– Земајќи ги предвид новите околности, издадов наредба на министерствата за одбрана и за надворешни работи, како и на други специјализирани агенции да го анализираат нивото на закана од САД за нашата земја и побарав да се преземат сеопфатни мерки за подготовка на симетричен одговор – порача Путин.
Photo: EPA / ANATOLY MALTSEV