Русија е чекор поблизу до создавање сопствен интернет, одделен од остатокот од светот.
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за создавање на национална мрежа што би функционирала независно од глобалниот интернет.
Новиот закон има за цел да ја заштити Русија од странски ограничувања преку создавање на „одржлив, безбеден и целосно оперативен” локален интернет. Меѓутоа, рускиот интернет се уште е во доменот на теоријата, а потпишаниот закон ќе стапи во сила во ноември, објавија денеска руски медиуми.
Законот, исто така, бара воспоставување центар за управување и следење, контролиран од страна на руската агенција за телекомуникации Роскомнадзор.
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM