Путин откри дали планира да се ожени повторно

307
ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Путин откри дали планира да се ожени повторно. Имено, во текот на годишната сесија на прашања и одговори на која Путин одговара на разни прашања на новинарите, еден од нив се одлучил да навлезе во љубовниот живот на рускиот лидер, па го праша дали планира да се ожени.

– Како пристојна личност, ќе морам да го направам тоа еден ден – одговорил Путин, но не открил која е неговата избраничка.

Рускиот претседател потоа го праша новинарот дали тој е оженет. Кога новинарот одговори дека е, Путин се пошегува:

– Тој е оженет и сега сака и мене да ми биде добро.

Тој претходно беше оженет со Људмила, лингвиста од Санкт Петербург. Тие беа во брак од 1983 до 2013 година. Путин е првиот руски претседател кој се развел додека е на функција.

ФОТО: EPA/PAVEL GOLOVKIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...