Рускиот претседател Владимир Путин ја опиша како голема загуба смртта на 14 морнари во пожар што избувна во подморница на руската армија и додаде дека наредил истрага за несреќата.
– Тоа е голема загуба за морнарицата и за целата армија – рече тој, и му нареди на државниот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, да спроведе „истрага за таа трагедија”.
Руската армија во вторникот соопшти дека 14 морнари загинале во пожар во подморница. Министерството за одбрана соопшти дека пожарот избувнал еден ден претходно, додека подморницата вршела тестови во руските територијални води.
Подморницата сега се наоѓа во арктичкото пристаниште Северноморск главната база на руската Северна флота.
ФОТО: EPA / ALEXEY NIKOLSKY / SPUTNIK / KREM