Рускиот претседател, Владимир Путин му подари на неговиот американски колега, Доналд Трамп топка од Светското првенство во фудбал.
Тој ја прифати топката и му заблагодари на Путин, а потоа ја фрли кон неговата сопруга Меланија која седеше во првиот ред.
Ова се случуваше за време на заедничката прес-конференција што се одржа во Хелсинки, каде меѓу другото, стана збор и за првенството и успехот на репрезентацијата на Русија.