Рускиот претеседател Путин важи за голем заводник, а неодамнешна анкета покажа дека секоја петта жена во Русија би сакала да се омажи за него. Познатата австралијанска актерска Пета Вилсон вели дека одолеала на шармот на Путин.
Иако подоцна се испоставило дека нејзината приказна не е баш точна.
Актерката во 2001 година на московскиот фестивал кој го организирал режисерот Никита Михалков, била таму со тогашното момче Дамјан Харис.
Медиумите пишуваа дека Путин и претходно се запознал со Вилсон, наводно бил фан на серија во која таа глумела, а на фестивалот таа на шега му рекла дека би сакала да работи во неговата тајна служба, меѓута актерката тоа подоцна го искористила да каже дека Путин ѝ се додворувал иако во тоа време бил во брак.
Денес се занимава со дизајн, а пред неколку години покрена свој бренд на долна облека.
Вилсон во една прилика раскажала случка од 2002 година, кога била на меѓународниот филмски фестивал во Москва, каде се обидел да ја освои – ни помалку ни повеќе – Владимир Путин. Тие се нашле сами во соба, откако Путин им наредил на сите да излезат од просторијата, а тој, како што истакнала таа, се обидел да ја заведе со дијамантски ѓердан.
„Ми се додворуваше. Беше напорен – ме хранеше и ми зборуваше за вотка. Моето момче беше покрај мене, но кога се свртев, веќе го немаше. Тоа беше кошмар”, раскажала Пета.
Наводно Путин ѝ подарил огрлица со дијаманти, а нејзе ѝ било многу непријатно и не знаела како да се ослободи од него па цело време се насмевнувала и чекала сето тоа да помине.
Но, шефот на фестивалот и домаќин на вечерата, Никита Михалков, ги негирал изјавите на актерката и ја бранел честа на Путин.
Тој рекол дека Пета може само да сонува за тоа и да се чувствува привилегирано доколку Путин ѝ се додворувал, но тоа не било случај и дека не ѝ дал никаква огрлица туку приврзок кој го спонзорирала златарница.
Михалков изјавил дека актерката толку многу се опијанила така што флертувала со Путин пред својот свршеник, а Путин отсекогаш имал почитување кон пијаните жени и не сакал тоа да го искористи. Исто така, Вилсон станала толку напорно така што обезбедувањето морало да ја изнесе надвор.