Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, имале средба во Москва, а по тој повод тамошната зоолошка добила на подарок две панди.
Џинпинг ги претставил пандите Ру Ји и Динг Динг, а потоа ја продолжил прошетката со, како што рекол, својот најдобар пријател Путин.
Пандите ќе живеат во специјален дел во зоолошката, а Москва ги позајми на 15 години во склоп со заедничкиот истражувачки проект.
Лидерите на двете земји биле опкружени со деца воодушевени што се во нивно присуство, но и што ги виделе двете животни.
ФОТО: EPA / ALEXANDER VILF / SPUTNIK / KREML