Хокеарскиот тим во кој играа рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу победи во натпреварот „Ноќна хокеарска лига“ одиграна на Црвениот плоштад во Москва.
Путин во тимот го поканил и претседателот на Белорусија Александар Лукашенко кој бил во посета на Москва, но тој одбил оти имал обврски пред празникот.
– Се договоривме дека заедно ќе играме хокеј и ќе скијаме следниот пат кога ќе се сретнеме – рече Путин.