Рускиот претседател Владимир Путин денеска го слави својот 67. роденден. Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков им порачал на медиумите дека рускиот лидер има намера овој ден да го помине во друштво на своето семејство и пријателите.
Путин во пресрет на неговиот роденден беше на одмор во руската тајга на Сибир во друштво на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. На снимките може да се види како двајцата политичари шетаат низ планините и собираат печурки.
Како што откри Песков, после прошетката со Шојгу низ тајгата, Путин денес ќе го прослави својот роденден во друштво на своето семејство и најблиски пријатели.
Прикажано е како Шојгу сече цела грмушка со јагоди, а Путин се пошегува дека тоа ќе го засади во неговата градина, по што Шојгу одговори дека за таквата билка е потребна поинаква клима.
Еден учесник во прошетката прашал, дали воздухот во Москва може да биде така чист, каков што е во тајгата.
– Тоа не е прашање за мене, туку за претседателот – одговорил Шојгу.
– Треба да се тежнее кон тоа, во секој случај – одговорил Путин.
“Treba tome težiti, u svakom slučaju”, odgovorio je Putin.
Foto: Printscreen/Youtube