Безбедносните подготвки за доаѓањето на Путин во Србија одамна се започнати. Полицијата ги предупреди управниците на зградите во близина на местото каде што ќе се движи претседателот на Русија, станарите да ги спуштат ролетните и да не излегуваат на прозорци за време на посетата, пренесува „pink.rs“.
Путин треба да пристигне во Белград попладне, а во градот ќе го дочекаат повеќе од 100.000 Срби.
Тој долги години е најпопуларен странски политичар во Србија, а доказ за тоа е и тоа што градовите се накитени со знамињата на Србија и Русија, но и слики на Путин.
Портрети и фотографии од рускиот лидер можат да се најдат насекаде низ Србија, во канцеларии, во такси, на маици со сувенири со српски и руски натписи, но и на огромен број групи на друштвени мрежи.
Србија им била благодарна на Путин и руските власти на поддршката и непризнавањето на Косово.
Повеќе од 6.000 полицајци и членови на обезбедување, околу 250 руски обезбедувачи, специјалци на српската војска и полиција, авиони МиГ-29, затварање и блокади на улици – така ќе изгледа денешниот ден во Белград штом пристигне Владимир Путин, според медиумот.
На јавноста не и е познато каде ќе се движи претседателот на Русија, само знае дека улици ќе бидат затварани. Ќе бидат распоредени и околу 500 припадници на Министерството за внатрешни работи во цивилки, 250 агенти на БИА, како и снајперисти.
ФОТО: пинк.рс