Штабот за заштита и спасување на ЈП „Комунална хигиена денеска упати повик до сите вработени во претпријатието коишто со свои донации во вид на парични средства или материјална хуманитарна помош (храна, облека, хигиенски средства и сл.) сакаат да им помогнат на жителите на градовите од соседна Албанија што вчера беа погодени од катастрофалниот земјотрес.
– Пунктот за помош ќе биде отворен до 14 часот во сабота – 30 ноември, кога и собраната помош преку Црвениот крст на Македонија ќе биде транспортирана за Албанија. Со свои донации може да се приклучат и граѓаните, соопшти претпријатието.