Пулишиќ од лето во Челзи

132

Борусија Дортмунд официјално го потврди претстојниот трансфер на крилото Кристијан Пулишиќ во Челзи. Тој ќе се одржи во текот на летото оваа година, а износот на договорот е 58 милиони фунти (околу 64 милиони евра).

Тоа значи дека 20-годишниот американски репрезентативец станува третата најскапа аквизиција во историјата на „сините“. Рекордот од 80 милиони евра го држи голманот Кепа Арисабалага, кој е и најскап на својот пост во целата фудбалска историја. Втората позиција е за напаѓачот Алваро Мората (66 милиони евра), а Пулишиќ во пракса го симнува Фернандо Торес (58,5 милиони евра) од топ 3.

Од Дортмунд очигледно процениле дека не може да го задржат фудбалерот, чиј договор истекува на крајот на следната сезона. Значи, „жолто-црните“ добија доста добри пари за играч кој не игра многу под водство на новиот тренер Лусиен Фавр.

„Борусија Дортмунд се договори со Челзи за трансферот на напаѓачот Кристијан Пулишиќ. За возврат, Британците ќе го остават играчот под наем во Борусија до крајот на оваа сезона“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...